Вегански десерт со јагоди, лесен, сладок и ладен, не потсетуваат на летни љубови и најслатки соништа.
Рецепт за бакнеж од јагоди
Состојки:
- прв дел
- 120 гр јагоди
- 2 до 3 лажици јаворов сируп
- 125 гр кокосово млеко
- ½ лажички агар-агар во прав
втор дел
- 125 гр кокосово млеко
- 2 до 3 лажици јаворов сируп
- ½ лажички екстракт од ванила
- ¼ лажички агар-агар во прав
- 30 гр трошки од бисквит
Подготовка:
Прв дел
Ставете ги јагодите и сирупот во тенџере и варете околу 3 минути на среден оган, додека не се направи мешавина слична на густ сок и јагодите станат помеки. Добиената мешавина истурете ја во блендер и блендирајте додека не добиете пире. Ставете го пирето од јагоди, кокосовото млеко и јаворовиот сируп во шерпа и варете на средна топлина додека не зоврие. Додадете агар-агар во прав и варете уште 2 минути. Извадете од оган и мешајте околу 10 секунди. Оставете ја смесата да се излади, а потоа истурете ја во калап или чаша и ставете ја во замрзнувачот.
Втор дел
Загрејте го кокосовото млеко, а потоа додадете агар-агар во прав кога ќе зоврие. Гответе уште неколку минути за да се комбинираат, а потоа отстранете ги од оган. Додадете малку сируп од јавор и ванила во смесата, а потоа промешајте. Оставете ја смесата малку да се излади, а потоа нанесете ја врз смесата од јагоди. Ставете ги трошките од бисквит на врвот и вратете сего десертот во замрзнувачот еден час.
Извадете го клачот од калапот или чашата и превртете го така што првиот слој е бисквит, вториот бело полнење, потоа полнењето од јагода. Украсете го десертот со јагоди или шлаг.
Пријатно!