Sweet Home

Балкон што станува волшебно место по зајдисонцето

Балконот на осмиот спрат од зграда во Загреб е претворен во релаксирачка оаза на отворено и станува волшебно место кога ќе зајде сонцето.

„Бидејќи досега немавме балкон, едвај чекав да се вселиме и да го уредам. Потоа, следеше пребарување на Google, „како да се направи оаза“.

Идеите се претежно од Пинтерест и од сопствени идеи, вели Ивана Брајковиќ. Балконот на осмиот спрат од зградата е претворен во релаксирачка оаза на отворено.

Кога дојде долгоочекуваното време за уредување на балконот, пандемијатана корона вирусот се „поигра“ со идеите на Ивана за украсување на балконот, така што таа и нејзиното семејство за тоа време седеа на столчиња од кујната, а климата беше маса.

После олеснување на мерките, тие веднаш отидоа на шопинг.

Масата и столчињата беа купени во Jysk, полицата во Леснина, а совршените украси за балконот беа пронајдени во Mömaxu и Emmezeti.

„Морам да додадам дека моите советници за избор на цвеќе беа мои пријатели и дека некои украси беа подароци од пријателите за преселбата“, посочува таа.

Балконот од девет квадратни метри се наоѓа на осмиот спрат, кој исто така е и најгорниот спрат на зградата, така што нуди прекрасен поглед на градот. На крајот на денот, на балконот владее особено магична атмосфера.

„Уживам кога ќе зајде сонцето, кога ќе се појават градските светла и кога ќе запалиме свеќи и соларни ламби на балконот, вели Ивана, чиј балкон исто така служел како канцеларија додека работела од дома, а неодамна започна да се дружи со пријателите, а со оглед на тоа дека балконот е голем, сите ги собира и секогаш е весело.

Напиши коментар