Motherhood

Бебињата сакаат да ги имитираме, а науката покажа дека таа игра има позитивен ефект врз нив

Научниците тестирале шестмесечни бебиња и покажале дека покрај уживањето во оваа игра, таа има и големи предности за нивниот развој.

Иако може да ве нервира кога петгодишник ќе започне да имитира сè што правите, излегува дека бебињата особено го обожаваат тоа.

Новата студија од универзитетот Ланд во Шведска покажа дека бебињата што ги имитираат возрасните се многу посоцијални од другите.

Истражувачите работеле со група на шестмесечни бебиња преку четири типа игри: директна имитација, обратна имитација, имитација на телото без промена на лицето и одговори кои се различни од движењата на бебето.

Повеќето од бебињата гледаа, се смееја и се обидоа да им пријдат на истражувачите кои учествуваа во имитацијата.

„Имитирањето на помладите деца се покажа како ефикасен начин да го привлечете нивното внимание и да се поврзете со нив. Мајките беа многу изненадени кога ги гледаа своите деца среќно вклучени во игра на имитација со странци“, рече Габриела Алина Саусиус, главната авторка на студијата.

“Ова беше многу интересно. Кога некој активно тестира личност што го имитира, тоа е индикација дека имитираната личност е свесна дека постои некаква врска помеѓу нејзиното и туѓото однесување”, објасни таа.

Научниците заклучиле дека играта на имитација игра многу важна улога во развојот на интеракција, споделување на емоции и намери.

Затоа, слободно играјте ги оние стари познати игри на имитација со вашите малечки!

Напиши коментар