Bridal

Бинди Ирвин сподели фотографии од приватната венчавка за време на пандемијата

Ќерката на ловецот на крокодили се омажи во приватна церемонија во градините од зоолошката градина на семејството Ирвин во Австралија.

Бинди Ирвин, ќерка на починатиот експерт за животни Стив Ирвин, се омажи во тајна и приватна церемонија во средата, пренесува Си-Ен-Ен.

Двојката ја одржа церемонијата на имотот на зоолошката градина во Австралија, неколку часа пред австралиската влада да воведе политика за забрана за собирање на повеќе од пет лица, според USA Today.

Ирвин и нејзиниот сопруг, Чендлер Пауел, ја одржаа церемонијата само за членовите на семејството.

Братот на Ирвин, Роберт, ја водеше по патеката до олтарот, а семејството запали свеќа во чест на сеќавањето на ловецот на крокодили, Стив!

Бинди исто така му оддаде почит на нејзиниот татко ден пред венчавката на Инстаграм, велејќи дека тој секогаш ќе биде со неа.

Една екипа на камермани и фотографи беше присутна за снимање на церемонијата за Animal Planet, пренесува Холивудски репортер.

Зоолошката градина во Австралија потврди дека двојката планира да објави „многу посебен проект со кој Бинди и Чендлер ќе можат да ја споделат венчавката со сите“, пренесува Good Morning America.

Напиши коментар