Sweet Home

Блогерката Блер Еди се всели во нов дом со исклучителен ентериер

Блер Еди ѝ припаѓа на првата постава на модни блогерки, таа започна меѓу првите да го пишува блогот Атлантик-Пацифик и сега, дури десет години подоцна, нејзиниот стил е поразличен, јасно препознатлив и инспиративен.

Всушност, американката е симбол на она поради што беа создадени блоговите – дефиниран личен стил што трендовите не ги нарушуваат.

Затоа денес сме среќни што ги следиме нејзините комбинации (неверојатно, но точно – таа сè уште пишува блог секој ден).

И пред неколку дена, таа ја откри внатрешноста на нејзината нова куќа за одмор, што, очекувано, е вистинско визуелно уживање.

Еди и нејзиниот сопруг купиле дом во Флорида изграден во 1925 година, кој потоа темелно го реновирале нешто повеќе од една година.

Еди реши да се држи до својата добро испробана формула која ја користи во облекувањето, а тоа е смела комбинација на дезени и употреба на силни бои.

Просторот комбинира мебел од средниот век со столчиња во различни форми, во пространа и отворена просторија која во центарот има шарен персиски тепих, а ентериерот е украсен со квадратна мермерна маса, огромен кожен сет и ѕид „галерија“.

Некои делови од куќата се малку поедноставни, како што е трпезаријата, во која доминира долгата овална бела маса направена од бетон опкружена со шест едноставни столчиња покриени со кадифена зелена боја.

Исто така, спалната соба е многу елегантна, ѕидот зад бордот на креветот е нареден со дрво во свежа нијанса на зелена боја, а во иста боја е обоена дрвената гарнитура, а самата рамка за кревет е украсена со шпанска трска , ратан.

Во дворот има мал базен со дел за седење – ригите, секако, се присутни и овде, пошироки, темно сини, со наутички стил и совршено се поклопуваат со богатата вегетација покрај оградата.

Уште еден стилски хит за Еди!

Напиши коментар