Новости

Борис Џонсон за корона вирусот: „Лекарите се подготвуваат да ја објават мојата смрт“

Британскиот премиер Борис Џонсон се излечи од корона вирусот, но рече дека ситуацијата била многу тешка и лекарите се подготвувале да ја соопштат неговата смрт.

Британскиот премиер Борис Џонсон откри денес дека лекарите се подготвувале да ја објават неговата смрт кога неговата состојба се влошила, бидејќи тој се борел на одделот за интензивна нега со корона минатиот месец.

Тој исто така рече дека добивал „литри и литри кислород“ за да остане жив.

„Беше тешко време, нема да го одречам. Бев свесен дека се подготвува план за непредвидени состојби. Тие имаа стратегија да одговорат на смртта по „ сталинистичко сценарио“, рече Џонсон на интервјуто за неделникот Сан.

Тој вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и бил пренесен на интензивна нега.

Тој додаде дека резултатите од крвта „постојано оделе во погрешна насока“ и дека тогаш сфатил дека нема лек за Ковид-19.

Џонсон се врати на работа во понеделникот, еден месец откако беше утврдено дека е позитивен за вирусот корона.

Во меѓувреме, тој стана татко, а детето го именуваше по лекарите кои го лекуваа од вирусот.

Напиши коментар