Кога ќе ги погледнете фотографиите на актерките од ерата на Златниот Холивуд, не можете, а да не се запрашате какви техники користеле за да постигнат така фантастично нашминкани очи?
Имајќи предвид дека тогаш ни третина од производите не беше достапна како за нас сега.
Она што го правеле всушност не е трик, туку начин на кој ја применувале маскарата, која, благодарение на аголот од кој се нанесува, се вклопува на еден сосема поинаков начин на трепките.
Овој „трик“ случајно го открила Дакота Џонсон, зборувајќи за нејзината секојдневна рутина за убавина, а исто така откри дека потекнува од нејзината баба – која е познатата хероина на Хичкок – Типи Хедрен.
Станува збор за начинот на кој маскарата се нанесува на трепките како што тоа го правеле(не само бабата на Дакота и дивите од Златниот Холивуд), туку и нашите баби, но со тек на време – затоа што е можеби малку посложен, овој начин едноставно се заборавил.
Наместо да гледате директно во огледало или нагоре и да ја нанесувате маскарата од внатрешноста на вашите трепки, погледнете надолу и нанесете ја маскарата од коренот до врвот на вашите трепки на овој начин.
Направете го ова полесно со тоа што ќе го поставите огледалото на нивото под брадата, односно на масата пред вас.
Што добивате: трепки кои се намачкани по целата должина, без дамки под веѓите.