Ги чисти клетките од токсините, го штити организмот и го стимулира варењето на храната – мора да ги пробате овие јога вежби!
Замислете го вашиот организам како машина во која секоја честичка ја има својата улога и важна функција. Во човечкиот организам, како и во природата, постои општа рамнотежа, сè додека надворешните фактори не го загрозат тој баланс.
Токсините што продираат во нашето тело поради несоодветна исхрана, стрес, загадување и лоши навики, го нарушуваат балансот во нашето тело, што особено се рефлектира врз варењето на храната.
Ова доведува до оток, вишок течност во организмот, забавен метаболизам, вишок тежина и ослабен систем на одбрана на организмот.
Пролетта е идеален период за детоксикација, затоа што тогаш имате можност да се ослободите од токсините што се акумулирале во вашето тело во текот на зимата, поради намалено движење и лошата исхрана. Покрај здравата исхрана и консумирање на храна за детоксикација, физичката активност, особено јогата, се препорачува како совршена алатка за детоксикација.
Јогата е нежна за вашето тело во исто време, но исто така и ефикасна. Вежбањето јога помага да се исчисти телото одвнатре, односно да се ослободат и телото и умот од ризични токсини.
На оваа вежба за детоксикација и подобро варење, фокусот ќе биде ставен на асаните како Side Crow (Parsva bakasana), позите на орелот и воинот, но и многу други различни движења и инверзии за целосно чистење на телото.
Важно е да се фокусирате на вашиот здив (дишење со стомакот) за време на вежбањето.
Оваа дваесетминутна вежба ги чисти клетките од токсините и го стимулира лимфниот систем.
Останете смирени и приземјени за време на вежбањето.
Погледнете ги упатствата во видеото!