Благослов на модерното време.
Поради пандемијата на корона вирусот што го фрли целиот свет во изолација, многу парови мораа да ги променат своите планови кога станува збор за пролетните и летните свадби.
Многумина го одложија „најубавиот ден од нивниот живот“ за некои подобри времиња, а оние што не можат да дочекаат да ја озаконат својата љубовна врска, ќе можат да направат целосно легална венчавка со помош на популарната апликација за видео повици.
Преку ноќ станаа популарни апликациите за видео повици како резултат на „социјалното дистанцирање“, Zoom, FaceTime и други слични апликации што активно ги користиме оваа недела за да одржуваме контакти со пријателите и семејството и да одржуваме деловни состаноци со колегите, се чини дека ќе добијат и друга намена.
Ако навистина брзате да се венчате со одбраникот на вашето срце и не сакате да чекате да излезе светот од карантин за да организирате забава за пријатели и роднини, можеби одговорот на вашите страдања лежи во придобивките од модерното време.
Имено, гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, на својот Твитер профил објави дека паровите можат легално да стапат во брак преку видео повик затоа што на свештениците им е дозволено да изведуваат церемонии на растојание, а не да го загрозуваат нивното здравје и здравјето на нивните гости поради прослава.
Новиот закон ќе се применува и во делови на Колорадо и Охајо, така што во наредните недели можеме да очекуваме голем број американски свадби да се одржат токму преку Zoom.
Ако виртуелните свадби станат секојдневие, можеме да бидеме апсолутно сигурни дека ќе дојдат сите гости, а може и да спасиме некој нерв што би го изгубиле за време на организацијата на големите сали и огромните буџети за украсување, угостителство, музика и други предмети.
Се чини дека една дневна соба, малку добра волја и многу љубов, е доволноа.
И лаптоп, се разбира.