Во сопственост на познати личности како Џорџ Клуни и Бред Пит, уникатниот, рачно изработен француски шпорет La Cornue вреди 100.000 долари …
Овој луксузен апарат за домаќинство беше инспирација за многу оброци подготвени од Џулија Чајлд.
Серијата Chateau, скапоцен камен во круната на семејството La Cornue, е беспрекорно рачно изработена по мерка за да им одговара на специфичните сопственици.
Овој шпорет доаѓа со неограничени опции, а кога станува збор за неговите можности и естетика, нуди 8000 неверојатни комбинации.
Создаден од најдобрите материјали со бескомпромисен квалитет, главниот детаљ од асортиманот на Chateau е патентираната рерна, за прв пат дизајнирана од Albert Dupuj во 1908 година.