Cafe Del Mar

Дали би сакале да пробате еден од најстарите коњаци во светот

Слободно можеме да кажеме дека шишето со коњак е старо 258 години, необичен изум…

Аукциската куќа Sotheby’s овој пат ни го претстави токму тоа, нудејќи го на продажба Gautier Cognac 1762, кој важи за еден од најстарите во светот.

Едно од само три шишиња од овој интригантен пијалок штотуку е продадено на аукција, по цена што сè уште не е откриена.

Gautier Cognac 1762 се чини дека бил зачуван од мистериозно семејство што го криело во нивниот подрум со години. Како што дознаваме, коњакот е недопрен и го задржал целиот свој карактер и добар вкус.

Како едно од само трите од ваков вид, шишето носи оригинална етикета и нема претрпено никаква штета, покрај неколку ситни гребнатини на нејзината надворешност.

Според аукциската куќа Sotheby’s, состојбата на коњакот што се продава е навистина добра, односно немало прекумерно испарување.

Се претпоставува дека нивото на алкохол е прилично високо, и тоа е одговорно за зачувување на коњакот.

Според првичните проценки, цената на коњакот требало да достигне 200.000 американски долари, но многу експерти велат дека таа ќе биде значително поголема.

Напиши коментар