Motherhood

Дали бремените жени кај кои постои сомнение дека имаат корона, треба да се породат со царски рез?

Ако се прашувате дали бремените жени за кои постои сомневање дека имаат корона вирус или се потврдени дека се заразени, треба да направат царски рез, еве што вели Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО препорачува пораѓај со царски рез само во случаи кога има медицински индикации или во случаи кога тоа е медицински оправдано.

Затоа, бремените жени за кои постои сомневање дека имаат корона вирус или потврдена инфекција, не треба да се породат со царски рез, освен ако има акушерски индикации.

Но, „начинот на породување треба да се индивидуализира и покрај акушерските индикации, треба да се утврди и врз основа на преференциите на бремената жена“, се наведува на веб-страната на СЗО.

Напиши коментар