Некои истражувања покажуваат дека новиот Корона вирус не преживува на повисоки температури. Но, што значи ова кога зборуваме за летото?
Многу луѓе се прашуваат следново: Кога ќе заврши пандемијата на Корона вирусот?
Важно е да се напомене дека СОВИД-19 сè уште е новооткриен вирус. Но, дали неговата репродукција барем ќе запре во текот на летото?
Научниците сè уште учат како се однесува новиот вирус, што вклучува и каков е неговиот опстанок во различни сезони или услови.
„Другите вируси покрај СОВИД-19, продолжуваат да се шират во текот на летото, иако помалку отколку во зима“, вели д-р Ричард Ваткинс.
Сепак, дали тоа ќе биде случајот со СОВИД-19 засега не е јасно.
Во потоплите региони како Австралија и Обединетите Арапски Емирати има помалку заразени лица по глава на жител од оние во САД и многу градови во Европа.
Во основа, овој вирус се чини дека се шири помалку во потоплите области. Но, бидејќи ова сè уште не е докажано, не знаеме со сигурност дали ширењето на вирусот ќе биде послаб во најжешките месеци во годината.