Мислите дека ви е тешко да учите со едно дете?
Пандемијата од корона вирусот им воведе нови навики за учење на децата, пишува The Sun.
Тие ги следат часовите преку ТВ програми, а многумина се во контакт со наставниот кадар, кои испраќаат домашни работи и лекции преку мобилните телефони.
Со овие нови околности, родителите исто така се обидуваат да се справат, затоа што мораа да станат наставници преку ноќ.
Ако мислевте дека ви е тешко да учите со едно или две деца во домашен карантин, видете како тоа изгледа за мајка која има 21 дете.
Су Радфорд е мајка на најголемото семејство во Велика Британија која се соочува со домашната едукација исто како и секој друг родител.
Су (44), која моментално е бремена и го очекува нејзиното 22-ро дете, објави на Инстаграм како изгледа организацијата за подучување на нејзините девет деца.
Прв ден учење од дома. Веројатно нема да постои втор ден – се шегуваше оваа мајка под фотографијата.
Родителите веднаш се поврзаа со неа и најчесто се жалеа за тоа колку им било тешко да ги натераат своите деца да учат од дома.
Како вам ви оди учењето со своите деца од дома?