Здраво тело

Децата и полномасното млеко: Што е исправно?

Иако во последно време е придружено со лоша репутација и на возрасните им се советува да не пијат млеко, децата имаат сериозна потреба од тоа.

Млекото е одличен извор на калциум, јод, витамини А и Б12, и маснотии, а мастите се клучни за задоволување на потребите за енергија на вашето дете.

Децата од една година до две години треба да пијат по две до три чаши млеко на ден.

Постојат три извори од кои телото на детето ја извлекува својата енергија – млечни производи, протеини и јаглени хидрати.

На просечниот 2-годишник му се потребни 80 калории на килограм тежина повеќе од потребите на возрасните.

Една неодамнешна студија објавена од The American Journal of Clinical Nutrition покажа дека децата кои пијат полномасно млеко, имаат помала веројатност да се здебелат отколку децата кои пијат млеко со мала масленост.

„Ние не им препорачуваме на родителите да им даваат обезмастено млеко на децата, особено не на децата под пет години“, рече Симон Стенсо, научник за исхрана во британското здружение на нутриционисти, за Си-Ен-Ен.

Џонатан Магире од Универзитетот во Торонто и неговиот тим подготвуваат истражување во кое ќе учествуваат 500 деца на возраст под пет години за да видат дали содржината на маснотии во млекото што го пијат е клучен фактор за одредување на нивната тежина.

Ќе бидат земени в предвид навиките на јадење кај децата, почетната тежина и другите фактори кои можат да влијаат на исходот од студијата.

„Голем број фактори влијаат на тежината на детето. Тоа е сложен проблем“, заклучува Магире.

Напиши коментар