Новости

„Децата под 10 години не можат да го пренесат корона вирусот“

Женева – Швајцарските власти решија да ја укинат забраната за социјален контакт меѓу постарите лица и децата под 10-годишна возраст, бидејќи научниците заклучија дека децата на таа возраст немаат рецептори за корона вирус, па затоа не можат да бидат носители, јави Би-Би-Си.

Отсега, бабите и дедовците во Швајцарија ќе можат да ги гушнат нивните внуци, но според швајцарскиот министер за здравство, д-р Даниел Кох, иако научниците докажаа дека децата до 10 години не го пренесуваат вирусот, социјалната интеракција со старите лица е можна само доколку е кратка.

Д-р Кох рече дека голем број на постари граѓани живеат за моменти со своите деца и дека тие се многу важни за нивното ментално здравје, но децата не биле првенствено ризични за бабите и дедовците туку за нивните родители.

Швајцарија ги ревидираше своите мерки за социјална дистанца по научни консултации на универзитетите во Цирих, Берн и Женева.

Во исто време, во Велика Британија, министерот за здравство Мет Хенкок најави дека рестриктивните мерки за социјално растојание ќе продолжат да се применуваат.

Напиши коментар