Истражувањата покажаа дека малите деца се плашат од вирусот корона, а еве што најмногу им недостасува во карантинот …
Анализата на детските цртежи за епидемијата покажа дека децата се плашат од вирусот корона и дека најмногу им недостигаат соучениците од градинка, како и бабите и дедовците, се вели во студијата на Универзитетот за стручни студии за воспитувачи во Кикинда.
Според радио – телевизија од Војводина, децата претежно цртаат семејство, игралишта, нивните пријатели и самиот вирус, што веројатно ги исплаши бидејќи тоа го гледаат во медиумите.
Со пораките што ги испраќаат најмногу им недостига дружењето и градинката.
“Им недостасуваат пријателите. Имаме и интересни цртежи каде гледаме баби и дедовци, бидејќи бабите и дедовците не можат сега да ги чуваат децата. Тие навистина им недостасуваат. Во суштина, тоа се пријателите, воспитувачките и игралиштата”, рече директорката на универзитетот, Ангела Месарош Живков.
За време на вонредна состојба, воспитувачите, со согласност на родителите, спроведоа истражување за анализа на детски цртежи на тема епидемија на корона вирус.
Децата на возраст меѓу три и седум години им претставија преку ликовни техники што им недостасуваше најмногу за време на изолацијата.
Истражувањето опфатило деца од градинките во Кикинда, како и јавните и приватни предучилишни установи од Нови Кнежевац, Врбас, Нови Сад, Белград, Стара Пазова и Свилајнац.
Истражувањето е сè уште во тек, а трудовите може да се достават до 30 април.