Art & Crafts

Дизајнирате мини бар во вашата куќа!

Ако вашиот дом е често место за собирање на луѓе кои ви се драги, мини барот е логично решение за подобро расположение. Неопходно за секоја добра забава, како и за вечерните варијанти на гледање филмови со чаша добро вино, мини барот е убав начин да се донесе стил во просторот што го имате. Особено погоден за помали станови, и ситуации кога немате подрум за чување шишиња со вино, имањето на мал домашен бар е фантастична идеја.

Како да го организирате?

Најпрво, треба да почнете од барот. Шкаф за вино со полици или вдлабнатини за шишиња, е  идеално решение. Покрај шишињата, можете да ставите и чаши за вино во неа, како и сите дополнителни работи што ви се потребни за да ги отворите и да ги сервирате омилените пијалоци. Ако имате можност можете  да инсталирате мини фрижидер во орманот, кој би бил одговорен за ладење на пијалокот.Отворените или затворените варијанти на овие креденци се прашање на вашиот личен вкус, и секако стилот што ви се допаѓа. За да додадете уште повеќе шарм, украсете го со некои уметнички дела, свеќи, цветни аранжмани или интересен кристал.

Друга варијанта се вградените мини барови. Ако има неискористен простор во вашата трпезарија, кујна или под скалите во ходникот, можете да го претворите во мини бар. Неколку фиоки, полица и две врати за орман се се што ви треба. Работната површина може да се остави слободна за да има простор за подготвување на пијалоците. Исто така, корпа мраз е добредојдена на шанкот, а со огледало во задниот дел, ќе добиете на визуелен простор.

Напиши коментар