Богатата наследничка го роди своето четврто дете минатиот месец, но дури сега нејзиниот свршеник ја објави веста на социјалните медиуми.
Додека нејзиниот татко, Берни Еклстон, еден од водечките мажи во Формула 1, деновиве објави дека го очекува своето трето дете, неговата ќерка, 31-годишната Петра се породи. Помладата ќерка на Берни е четврто дете што доби бебе девојче со нејзиниот свршеник Сем Палмер. И така, по втор пат, ова семејство, среде светската пандемија, доби добра и убава вест.
Горд татко
“Добив бројни пораки кои прашуваа кога ќе се роди бебето. Добивме прекрасно девојче пред неколку недели. Ви благодарам на сите за вашите убави желби. Жена ми и ќерка ми се добро. Таа допрва треба да го види светот, но и реков дека тоа ќе биде еден ден , ако се однесува убаво “, напиша гордиот Сем на Инстаграм.
Ова не е единствената среќна вест во семејството Еклстон, пред неколку дена таткото на Петрин и Тамара, Берни, објави дека ќе стане татко со сопругата Фабијан Флоси на 90-годишна возраст.