Cafe Del Mar

Древната алатка за масажа на лицето повторно во мода: ролери од жад за блескав тен!

Иако ролерите од скапоцени камења се користеле со векови, вистинската популарност ја достигнаа во изминативе години, благодарение на шминкерите и инфлуенсерките кои ги промовираат на своите профили. Ролерите од жад се дел од древната кинеска медицина и ги користеле богатите дами во своите дневни рутини за нега на лицето.

Во последно време многу повеќе се зборува за корисноста на кристалите и скапоцените камења во секојдневниот живот. Без разлика дали верувате во тоа или не, масажа на лицето нема да ви штети, напротив.

Ако често имате чувство дека лицето ви е изморено и отечено, можете да ја пробате оваа симпатична алатка и да се уверите дали го има ефектот за кој зборуваат светските убавици.

Кога добро ќе се излади во фрижидер и правилно се употребува, ролерот со сигурност може да ја подобри циркулацијата на крвта и лимфата. Добрата циркулација не помага само во дренажата, туку и влијае на продирањето на препаратите за нега на кожата. Со самото тоа ролерите можат да придонесат за свеж изглед на тенот, но и да ја намалат отеченоста- особено подочниците и пределот околу очите.

Движењата секогаш треба да бидат од долу нагоре. Масирајте дел по дел. Најдобро би било да замислите дека лицето ви е поделено во неколку секции, на тој начин ќе се осигурате дека сте го третирале секој дел од лицето. Се препорачува со ролерот да ја поминете секоја партија барем по три пати.

Користете помал ваљак за делот околу очите.

Ролерот се користи и на чело, со помал притисок бидејќи тука нема поткожно ткиво па чувството е поинакво.

Препорачливо е секој ваљак да се користи на чиста кожа. Пред тоа можете да нанесете серум или масло за нега во зависност од типот на вашата кожа.

Ролерите можат да бидат од различни материјали.
Жадот се препорачува за утро, будење и ревитализација на кожата, додека за розенкварцот се тврди дека смирува, регенерира и го подобрува дејството на козметичките производи. За аметистот се смета дека ги намалува стесот и негативната енергија и помага во детоксикација на кожата.

Ролерите можат да се користат и за масажа на дланките, но и на други делови од телото.


Напиши коментар