Парични казни за оние кои користат грди зборови …
Одморите во Дубаи стануваат сè попопуларни, но во Обединетите Арапски Емирати има малку поинакви правила на однесување.
Но, покрај општите правила на однесување и облеката што владеат во Дубаи, има и помалку познати кои, ако не ги следите, можат многу да ги навредат вашите домаќини.
Така, на пример, дувањето на носот на масата се смета за скандалозно однесување, додека четкањето на забите со чепкалка за заби е сосема прифатливо. Додека на запад е многу подобро да извадите шамиче и да го раздувате носот отколку да шмркате за време на целиот оброк, во Дубаи подобро е да направите пауза и да одите во тоалетот каде што можете да го издувате носот во приватност.
Исто така е многу грубо да се јаде на масата со левата рака, што се смета за нечисто, и никогаш не треба да ги истегнувате нозете за време на оброкот, ниту да ги прекрстувате.
Ако ги покажете петите, личноста кон којашто се свртени ќе мисли дека имате многу лошо мислење за неа, затоа обидете се да ги задржите на земја.
Истражувањето спроведено од Travelbug открило дека 70% од испитаниците немале идеја дека овие работи се сметаат за непристојни во Дубаи, што само потврдува дека луѓето треба подобро да ги истражуваат локалните обичаи и традиции пред да заминат на патување.
Треба да знаете дека можете поскапо да платите за некои грешки. Пцуењето е строго забрането во Дубаи. Ако некој, на пример, ве чуе да пцуете на англиски јазик и ве пријави, би можеле да завршите со парична казна од 10.000 дирами, што е околу 2.500 евра, или да поминете една година во затвор.