Ако ви треба идеја за брзо правење на појадок со одличен вкус, еве еден одличен рецепт!
Состојки:
- Шест лажици пченкарно брашно
- Три лажици пченично брашно
- Шест лажици палента
- 1 прашок за пециво
- Лажичка сол
- Четири јајца
- 100 грама урда
- 50 грама фета сирење
- Десет лажици кисело млеко
- Три лажици млеко
- Три лажици масло
- Околу 200 грама брокула
- 50 грама шунка
Подготовка:
Прво, истурете го пченкарно и пченично брашно, палентата, прашокот за пециво и солта во голем сад, а потоа измешајте.
Потоа додајте ги јајцата, повторно измешајте, па додадете ги урдата, издробена фета, киселото млеко, млекото и маслото.
Брокулата обарете ја кратко во солена вода што врие – две до три минути, па загрејте ја рерната на 200 степени.
Подгответе го калапот за печење мафини, ставете неколку цветчиња од брокула, малку сецкана шунка во секоја корпичка и истурете ја смесата врз нив.
Печете ги мафините околу 20 минути или додека кората не стане златна.
Пријатно!