Следеше аплауз!
Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена започнаа нов предизвик на социјалните медиуми. Тие во прегратка објаснија за што станува збор, а така дадоа сè од себе за да им ја олеснат изолацијата на сите.
“Среќен Велигден на сите што слават денес. Во пресрет на Православниот Велигден, Јелена и јас решивме да ве поканиме да пробате јога акробација со партнерот, детето, родителот или некој со кој го поминувате времето. Малку домашна активност нема да боли. И веруваме дека ќе биде забавно“ рекоа тие, а потоа ја демонстрираа акробацијата во видеото подолу.