Пејачот и член на жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ детално раскажа како изгледал неговиот престој во болницата поради корона вирусот.
Џорџе Давид рече дека тој дури и на непријателот не би му посакал „да живее во агонија, наместо да умре како господин“.
“Здраво на сите, како сум, што можам да кажам … сè уште не можам да верувам дека сум надвор од болницата, сè уште не можам да сфатам, го враќам филмот во главата што ми се случи. Јас сум одличен, среќен сум, се навраќам на се што се случи и што му претходеше на сето тоа“, изјави тој во живо на ТV Happy.
Тој се сеќава на болката, како и на кашлањето на пациентите од кои „ечеше Инфективната клиника“.
„Да речеме, од 23 до 27 март, навистина имам дупки во сеќавањето, тоа е нешто што ве става во сериозно несвесна состојба. Таа кашлица е толку интензивна, никогаш не сум кашлал, ниту сум слушнал некој друг да кашла така. Ходникот на Инфективна ечеше.
Имате впечаток дека нечии бели дробови трчаат по ходникот, таков е звукот.
Се надевам дека ова нема да ми се случи никогаш повеќе, не би му го посакал ни на најлошиот непријател. Многу е похумано да се умре како господин, отколку да се живее во таа агонија.
Секоја коска во телото боли и секој сантиметар од кожата пече“.
Тој ја предупреди јавноста да биде внимателна и да ги почитува мерките, наместо да се потпира на верувањето дека корона „сигурно нема да им се случи на нив“.
“И јас мислев така, тоа не може да ми се случи на мене, силен сум и имам имунитет, сигурно ќе ме прескокне. Кој си игра со ѓаволот, ѓаволот ќе го слушне и ќе дојде по него. Луѓето треба да ја разберат сериозноста на ова, јас научив тешко, ова беше најскапото училиште во мојот живот. Се доведов до ризик да ме нема. Со самото тоа би им предизвикал голема болка и штета на саканите“, рече тој.