Мојата кујна

Едноставен колач од морков без мерење

Едноставен колач од морков

Состојки:

• 2 моркови

• 2 јајца

• 1 чаша шеќер (околу 2 дл)

• 1/2 чаша масло

• 1/2 чаша млеко

• 1 чаша брашно

• 1 прашок за пециво

Подготовка:

Вклучете ја рерната за да се загрее.

Излупете ги морковите и изрендајте. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер. Брашното и прашокот измешајте ги и додадете ги во смесата, како и другите состојки. Изматете нежно. Истурете ја смесата во подмачкан калап. Печете 40 минути на 180 степени.

Можете да направите чоколадна глазура или да го посипете колачот со шеќер во прав. Пријатно!

Напиши коментар