Cafe Del Mar

Едноставен трик со вода што ја зголемува потрошувачката на калории

Согорувањето повеќе калории ви помага да изгубите тежина и да одржувате здрава тежина.

Вежбањето и јадењето здравa храна се два ефективни начини да успеете, но исто така има и необични начини на кои можете да ја зголемите потрошувачката на калории.

Еден е – пиење ладна вода.

Водата е најдобриот пијалок за гасење на жедта и хидрирање на организмот.

Покрај тоа, водата привремено го стимулира метаболизмот кај возрасни и деца со прекумерна телесна тежина, а некои студии покажаа дека овој ефект се зголемува доколку водата што ја пиеме е студена.

Една група истражувачи дошле до заклучок дека 40% од забрзувањето на метаболизмот се должи на фактот дека телото ја загрева водата до телесна температура, односно телото троши енергија за загревање.

Две студии спроведени кај помладото население покажаа дека пиењето 500 милилитри ладна вода го зголеми калориското согорување за 24 до 30 проценти во текот на 90 минути.

Студиите исто така покажаа дека влијанието на водата врз метаболизмот може да варира од личност до личност.

Затоа, имајте на ум дека иако истражувањата потврдија дека пиењето ладна вода може да промовира согорување на калории, а јачината на ефектот варира од личност до личност.

Се разбира, на крајот ќе забележиме дека пиењето само ладна вода не е доволно ако целта ви е да изгубите поголема тежина.

Тоа е само мала помош.

Сепак, за да ја постигнете оваа цел, треба да го намалите внесот на калории, да ги замените колачињата со здрава храна, да се вклучите во некоја физичка активност и да направите се што е можно за да го подобрите варењето на храната.

А, исто така треба да пиете доволно вода, што е суштински дел од здравиот живот, без оглед на потрошувачката на калории.

Напиши коментар