Cafe Del Mar

Едноставна диета со грејпфрут: 3 кг за 3 дена!

Сè што ви е потребно се неколку грејпфрути, малку волја и 5 дена.

Како што сугерира името, грејпфрутот е клучната состојка во овој режим на исхрана.

Зошто ова овошје е добро за слабеење?

Освен што содржи многу малку калории (во 100гр само 32kcal), изобилството на витамин Ц, едноставни јаглени хидрати и многу растителни влакна, кои се важни за забрзување на метаболизмот, грејпфрутот е без маснотии и холестерол.

Оваа диета е одлична после празниците кога ќе си дозволиме да се почестиме со парче торта.

Таа ќе ја исфрли насобраната вода во организмот и ќе го детоксицира телото.

Правила на диетата: Оваа диета се заснова на намален внес на јаглени хидрати. Слатките се забранети додека е дозволен внес на маснотии, како и неограничено внесување на протеини.

Како ова мени влијае на процесот на слабеење? Ако го намалиме внесот на јаглени хидрати, што нашето тело обично ги претвора во енергија, тогаш тој бара алтернативно „гориво“. Ова резултира во согорување на протеини и масти, а со тоа и губење на тежината.

Појадокот е ист секој ден: грејпфрут или 250 мл исцеден сок од грејпфрут, кафе или чај, 2 јајца (пржени, варени…) или 2 парчиња сланина .

Ужина, најмалку 2 часа пред спиење: 250 мл сок од домати или 250 мл обезмастено млеко.

Прв ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, бело тврдо сирење, спанаќ, 1 препечен интегрален тост .

Вечера: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, плескавица, варен зеленчук .

Втор ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, салата со туна.

Вечера: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, 2 безмасни свински стекови, зелена салата.

Трет ден

Ручек: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, варено говедско месо, пилешко или риба, салата од домати.

Вечера: грејпфрут или 250 мл исцеден сок, пржена риба, мешана салата од домати и зелена салата.

Напиши коментар