Здраво тело

Експертите предупредуваат дека луѓето кои пушат марихуана, дури и само понекогаш, се изложени на ризик ако се заразат со вирусот корона

Пушењето марихуана, дури и кога не е честo, го зголемува ризикот од компликации при заболување со КОВИД-19, предупредуваат експертите на Американската асоцијација за бели дробови.

„Она што се случува со вашите дишни патишта кога пушите канабис е воспалување на одредени патишта, многу слично на воспаленија предизвикани од бронхитис или пушење цигара“, рече за Си-Ен-Ел пулмонологот Алберт Ризо, портпарол на Американското здружение.

Со оглед на тоа што КОВИД-19 предизвикува дополнителна инфекција, како што вели Ризо, логичен заклучок е секако дека постои шанса за компликации.

Друг експерт на американското здружение, Мичел Глас, предупредува дека повременото пушење марихуана е исто така ризик.

Според него, станува збор за пациенти кои не им кажуваат на лекарите дека консумираат марихуана, сметајќи дека не е важно, а нивните бели дробови се исто така подложни на компликации во случај на заболување од КОВИД-19.

„Марихуаната согорува на многу пониска температура од цигарите што се комерцијално достапни, поради што пушачот вдишува одредена количина неизгорен дел од растението“, вели Глас.

Според него, тоа може да предизвика реакции слични на алергија во белите дробови кај почувствителните луѓе и може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Покрај тоа, тој вели, во случај на таква реакција на марихуана, може да се појават симптоми слични на настинка, што дополнително ја комплицира дијагнозата на болеста.

Глас потсетува на други негативни ефекти од консумирањето на марихуана кои можат да го попречат закрепнувањето од КОВИД-19, меѓу нив е моќта на расудување која е намалена со канабисот.

Како што наведува, од пациентите за кои се грижат е потребно да добијат одредени информации и согласност за некои процедури, вклучително, во најлош случај, респиратор, и доколку некое лице под дејство на оваа дрога дојде на приемно одделение, постои шанса со тој или таа да неможе да се воспостави вообичаената комуникација.

Според истражувањето спроведено во 2018 година од страна на Националното здружение за употреба на наркотици и здравје (PDF), 43 милиони Американци на возраст над 12 години признале дека користеле марихуана во 2017 година.

Напиши коментар