Cafe Del Mar

Енергетски бомбици од суво овошје: слатки топчиња кои го зајакнуваат имунитетот

Брзите и здрави бомбици во комбинација на зеленчук и суво овошје секогаш се идеален избор како природен извор на витамини А, Б, Е, кои го зајакнуваат имунитетот и обезбедуваат заштита од инфекција.

Состојки (за 20 бомбици):

  • 2 децилитри млеко од бадеми
  • 2 помали моркови
  • ¼ шолја печени бадеми
  • ¼ шолја семки од сончоглед
  • ¼ шолја сушена брусница
  • ¼ шолја суво грозје
  • ¼ шолја кокосово брашно
  • 4 урми
  • За мерката, можете да изберете чаша за јогурт (приближно 2 децилитри).

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер. Од смесата, формирајте топчиња со саканата големина и ставете ги накратко во фрижидер за да се зацврстат. Овие примамливи и сочни бомбици можете да ги чувате во фрижидер до 4 дена.

Напиши коментар