Cafe Del Mar

Еве како да останете во форма овие денови, кога можноста за движење ви е ограничена

Вежби за кои не е потребна специјална опрема или премногу време се идеални за тренинг во домот.

Деновиве веројатно само одите на шопинг и остатокот од вашето време го поминувате на дезинфекција на сè околу куќата во круг, но треба да одвоите и време за да се посветите на себеси.

Имаме добар предлог за вас, обидете се со бурпи, вежба која вклучува извршување на неколку движења со ред, во основната верзија тоа се сквотови и скок во висина со испружени раце.

Ако правилно изведувате „бурпи“ вежби, потребни ви се само десет минути на ден, секој ден, а резултатите ќе ги забележите многу брзо.

Затоа оваа вежба е одлична за луѓе кои генерално се многу зафатени, пишува Cosmopolitan.

Дополнително олеснување е што воопшто не ви треба опрема!

Сè што ви треба е малку простор во домот, колку да можете да се истегнете на подот. Главната „алатка“ е вашето тело.

Кои се придобивките од бурпи?

Брзо зајакнување на мускулите на целото тело, согорување на голем број калории во краток временски период, подобрување на флексибилноста, јачината и издржливоста, подобрена координација и рамнотежа и позитивен ефект врз кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

За почетниците, вежбите може да се прават без скокање. Кога малку ќе стекнете кондиција, воведувате и скокови, кои треба да бидат што е можно повисоки.

И кога оваа вежба ќе ви прејде во навика, обидете се да го забрзате темпото и направете ја што е можно побрза, дајте си минута или две и направете што е можно повеќе бурпи вежби.

За време на тренингот, исто така, обрнете внимание на дишењето: спуштање на телото надолу – вдишување, движење од подот – издишување, кревање на телото нагоре – вдишување, скокање нагоре – издишување.

Со оглед на тоа што бурпи е исклучително динамична вежба, најдобро се прави наутро.

Напиши коментар