Art & Crafts

ЕВЕ КАКО НАЈДОБРО ДА ГИ ИСЧИСТИТЕ дамките од вашите омилени чевли!

Платнени патики со гумен раб и капа во стилот на вечните „старки“ се вистински хит оваа сезона.

Сепак, белата гума ќе стане валкана веднаш откако ќе се облечат и ќе добие жолтеникава боја.

Доколку сакате вашите нови патики да изгледаат како нови што е можно подолго време, ви претставуваме едноставен трик што ќе ги отстрани дури и најтврдокорните дамки во еден момент.

Потребно ви е:

– Отстранувач на лак за нокти (ацетон)

– Памучна крпа или пешкир

Постапка:

1. Навлечете ја патиката на рака за да добиете цврста основа.

2. Натопете го врвот на памучната крпа во ацетонот и темелно избришете ја гумена обвивка на патиката.

3. Повторете, доколку е потребно, но со чисто парче ткаенина, што е повторно натопено со ацетон.

4. Измијте ја крпата во топла вода, исцадете ја и темелно избришете го гумениот дел од патиките.

Совет:

– Ако на гумата сè уште има дамки, додадете малку детергент за миење садови на влажниот кујнски сунѓер и тријте го гумениот дел од патиката и избришете го со влажна крпа.

Напиши коментар