Cafe Del Mar

Еве како сами да направите вкусен ликер од јагоди, толку е добар што сите ќе ве прашаат за рецепт

Време е за јагоди – округли, миризливи, слатки црвени плодови кои ги обожаваат големите и малите.

Веќе изедовте многу од нив, и направивте неколку десерти за себе или за вашите малечки.

Сега е време да направиме нешто „само за големите“ – ликер од јагоди!

Ви претставуваме едноставен рецепт за сладок пијалок. Свежиот ликер од јагоди сигурно ќе биде хит на секоја забава, а исто така е и феноменално вкусен. Покрај тоа, овој специјалитет е навистина лесен за правење и не бара никаква експертиза.

Потребно е малку време за ликерот да „созрее“. Потоа е вистински мелем за непцето…

Состојки

  • 500 гр свежи јагоди
  • 250 гр кандиран шеќер
  • по желба: 1 лажичка коријандер – кој не сака коријандер, едноставно може да го изостави
  • рендана кора од органски лимон
  • 1 л бел рум (алтернатива е темниот рум)

Подготовка

1. Измијте и исчистете 500 гр јагоди.

2. Ставете ги во стаклена тегла со капак јагодите заедно со 250 гр кандиран шеќер, 1 лажичка коријандер и рендана кора од лимон (претпазливост, лимонот не треба да е прскан!).

3. Потоа додадете 1 литро бел рум.

4. Нека зрее 4-5 недели. Најдобро е да ја оставите теглата на сонце (на прозорецот). Повремено протресете ја.

5. По зреењето, исцедете ја течноста преку ситна цедалка и филтрирајте низ газа. 6. Ставете го ликерот во шишиња и оставете го да отстои уште 3-5 недели.

Напиши коментар