Здраво тело

Eве зошто веднаш треба да го испразните пепелникот!

Цигарите се штетни дури и кога се изгаснати и остануваат во пепелникот, покажаа истражувањата.

Во првите 24 часа од гасењето, филтерот ќе ослободи 14 проценти од никотинот од вкупната количина на никотин кој се ослободува од цигарата додека е запалена. И тоа не е сè.

Додека повеќето од овие хемикалии ги испушта во рок од еден ден од гаснењето, со анализата на Управата за храна и лекови на САД (ФДА) откриено е дека дури и неколку дена по гасењето цигара, таа испушта триацетин-пластификатор од филтрите.

„Многу сме изненадени од ова знаење. Бројките се значајни и би можеле да имаат влијание, на пример, кога во автомобилот се оставени филтри од цигари, но и за други затворени простории“, предупредува Попендик, инженер за животна средина од американскиот Национален институт за технологија.

За да се измери штетноста на изгаснатите цигари, Попендик и неговиот тим ставиле 2.100 неодамна изгаснати цигари во комората.

Се разбира, луѓето кои пне ги испушија цигарите, туку машина дизајнирана да го стори тоа.

Осум хемикалии пронајденикои се наоѓаат во цигарите биле пронајдени во воздухот во комората.

Триацетинот не е еден од опасните, но бидејќи е чест кај филтрите за цигари и не истекува лесно во воздухот, тој е добар показател за тоа како се распаѓаат другите лепливи хемикалии.

Кога температурата на воздухот во просторијата беше повисока, хемикалиите од филтрите на цигарите беа испуштени побрзо во воздухот.

Ова значи дека полн пепелник со цигари што стои со денови во автомобилот, има лош ефект врз здравјето на оние што се возат во него, особено децата.

Напиши коментар