Новата јахта од Oceanco, Esquel, е бестрашен модел дизајниран да ги истражи најдалечните океани во светот. Концептот на екстремна експедиција има силен лак, труп што го крши мразот и неверојатно ниво на удобност во ентериерот, што е очекувано кога ќе се спомне брендот Oceanco.
Esquel беше создадена со заеднички труд на Oceanco, Timur Bozca Design, стилистката Џина Бренан, Lateral Naval Architects and Engineering, и Pelorus – искусни компании за патувања и јахти.
„Нашата визија е да создадеме решенија земајќи ги предвид човечките фактори, технологија и естетика“, вели Bozca, кој беше прогласен за млад дизајнер на годината.
„Ние дизајнираме сè со причина – не само колку да дизајнираме”.
Esquel ќе биде автентичен истражувачки брод, со гаража од 2.500 квадратни метри за брзи RIBS моторни чамци, играчки за спортови на вода и опрема за нуркање. Јахтата има и палуба од 2.000 квадратни метри со стаклена надградба со затворен базен и спа центар. Отворената палуба може да носи уште повеќе чамци, теренски возила, мотоцикли, хеликоптер и, се разбира, две подморници.
Oceanco вели дека просторот би можел да се претвори и во лабораторија на бродот, со можност за создавање на фарма што може да се искористи за лекување на океанските корали.
„За да се искористи нејзиниот експедитивен потенцијал“, вели Џејмс Рој, извршен директор на Lateral, „Esquel поморската архитектура е создадена за да обезбеди максимални резерви со што е можно помалку одржување“.
Џина Бренан создаде стилизиран ентериер, со модерен декор кој вклучува мешавина од антиквитети и артефакти.
„Амбицијата за изгледот и чувството на ентериерот на јахтата Esquel е насочена кон прикажување на животот, влијанието и домот на младиот истражувач“, рече таа.
Концептот Oceanco се напојува со компактен дизел-електричен погон за работа во светски рамки. Јахтата ќе има опсег на крстарење од 7.000 наутички милји, со максимална брзина од 16,5 јазли.