Sweet Home

Фантазираме … Десет прекрасни тераси каде би сакале да ги поминуваме нашите денови и вечери

Овие денови поминуваме веројатно повеќе време отколку кога било на нашите тераси, балкони, во нашите дворови.

Вложивме напори да ги направиме што е можно поудобни и попогодни за живот на отворено.

Меки перничиња за седење и потпора, ќебе за делот од денот кога сонцето заоѓа, омилената книга и пијалок, цвеќиња и некои детали за да и го дадат на нашата просторија тој конечен, топол изглед.

Во моментов можеби нема да можеме да ги поканиме пријателите и блиските луѓе да се дружиме, но ова е само привремено.

Ќе замислиме дека тие се покрај нас и се забавуваат ме како никогаш порано разговарајќи и смеејќи се заедно до доцните часови на нежната пролетна вечер …

А ќе фантазираме и за тоа како ги поминуваме денови и вечерите на една од десетте прекрасни тераси што ги одбравме во галеријата на фотографии само за вас.

Напиши коментар