Motherhood

Феноменална порака од мајка со деца со која ќе се поистоветат многу родители

Во времето на останување дома за да се спречи со заеднички сили ширењето на корона вирусот, родителите секој ден се соочуваат со нови предизвици.

Меѓу другото, многумина сега работат од дома и ги наоѓаат најдобрите начини за баланс помеѓу децата и да работата.

Една мајка најде начин да одржи состанок со своите колеги во мир, а благодарение на нејзината одлична снаодливост, таа стана вирална.

Британката Кејт Армстронг-Тејлор, пред важен состанок, на децата им остави порака на вратата со која многу родители во иста или слична ситуација би се поистоветиле.

Пораката беше со апел да не и пречат за време на состанокот, а воедно им понудила на своите деца некои одговори на потенцијалните прашања што може да ги имаат за неа.

Пораката гласи: „Мама е на состанок од 9:30 до 11 часот. Не влегувајте. Одговорот на вашите прашања можеби е тука“.

А, одговорите на предвидливите прашања на најмладите беа: „Не“, „Во вашата соба“, „Парче овошје“, „Не знам што е за вечера“, „На перење“.

Оваа мајка на три деца на возраст од 11, 14 и 16 години, е сигурна дека едно од трите деца би ја прекинало за време на состанокот доколку не ја напишеше пораката.

За среќа, нејзиниот трик функционираше и таа имаше состанок со колегите без прекини, по што на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината порака и собра над 30.000 лајкови.

Сигурна сум дека многу родители сега се во ситуација кога во 9 часот наутро одговараат на прашања поврзани со вечерата.

Мојот син ја прочита пораката пред состанокот и рече дека се дадени одговорите на сите прашања, рече оваа мајка, која на крајот потенцираше дека и покрај фактот дека таа одговара на повеќе прашања од кога било досега, ужива да поминува повеќе време со своите деца, сега кога работи од дома.

Напиши коментар