Најслатки декорации со јагоди Кој не сака да се засладува со вкусни, миризливи, фини јагоди?
Но, ова популарно и здраво овошје од семејството на рози не е само за јадење, туку и за гледање, за што сведочат и фотографиите од најслатките декорации со јагоди. Исто како што е скоро невозможно да се изеде само една коцка чоколадо, имаме ист „проблем“ со јагодите – кој може да се сопре на само една!
А зошто да се сопреме, па овие неодоливи црвени слатки плодови содржат многу хранливи материи, се богати со калциум, магнезиум и витамин Ц и антиинфламаторни и анти-канцерозни состојки, поттикнуваат губење на тежината, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, и тоа се само неколку придобивки од ова лековито овошје.
Јагодите нè примамуваат во секоја форма, без разлика дали се попрскани со шеќер, во колачи и торти, во форма на сладолед или сорбети. Покрај тоа, тие мирисаат неодоливо, па затоа не е ни чудно што јагодите се омилено овошје на многу луѓе.
Јагодите се фини, миризливи и тоа не е сè.
Во нашата галерија со слики, пронајдете ги десетте најслатки декорации со јагоди кои ќе ве натераат да ги сакате овие сочни плодови уште повеќе.