Тренерите објаснуваат зошто нема магична формула кога се прашувате дали е подобро прво да се прави кардио или да кревате тегови.
Важно е паметно да ги комбинирате кардио вежбите со оние што ги правите за сила, за да не ја преоптоварите истата мускулна група.
Ако имате специфична цел кога станува збор за стекнување сила, на пример, сакате да се фокусирате на една вежба – подигнување во место, затоа што активира одредена група на мускули, оставете вашата прва станица да биде само ваков вид вежби. Меѓутоа, ако тренирате за спортски настан со истрајност, направете кардио најпрво.
Постојат и други случаи кога се препорачува кардиото да служи како загревање што ќе има придобивки за тренингот за сила.
Десет минути лесен кардио тренинг пред секое интензивно тренирање или активност е доволно за да го подготви телото за следното. Но, ако имате тренинг со сила без големи цели, едноставно како форма на вежбање, се препорачува да воведете посилна форма на кардио загревање во вашата фитнес рутина.
За секој што сака да ослабе, не е важно што прават прво, сè додека имаат две до три сесии за тренинг неделно.
Тренингот за јакнење ви помага да ја подобрите или одржувате витката линија бидејќи согорува повеќе калории на подолг рок.
Погледнете во видеото: