Крис Волас, фотограф од Велика Британија, ги венча своите Лего фигури, ја фотографираше целата церемонија и го сними целиот настан, а ги купи невестата и младоженецот на Амазон.
Крис Валас, фотограф кој работи за Carpe Diem Photography во Велика Британија, дизајнираше многу интересна свадба.
Тој ги венча неговите Лего фигури, ја фотографираше целата церемонија и го сними целиот настан.
Не само што внимателно го организирал целиот настан, туку и маестрално го документирал покажувајќи го своето долгогодишно искуство.
„Бев неверојатно зафатен фотограф, немав слободно време, постојано фотографирав свадби, а потоа останав дома поради корона“, изјави Крис.
Со многу слободно време, Крис ја оживеа својата страст кон фигурите Лего. Тој извади 20-годишен, правлив сет на Лего и на Амазон купи невеста и младоженец од Лего.
Му беа потребни три дена да ја испланира целата свадба, да слика и да напише блог-пост.
– Беше многу забавно, толку е лесно да се биде креативен и да се одмори малку отколку кога имате многу ограничено време на вистинска свадба. Не можам да дочекам да ја продолжам приказната за невестата и младоженецот“, рече Крис.
Фиренца и Фред, невестата и младоженецот од Лего беа крајно среќни што ја прославија својата венчавка за време на карантинот поради корона вирусот.
Погледнете!