Дестинации

Ги откриваме 20-те најубави острови во светот

Познатото патничко списание, Conde Nast Traveler, како едно од најважните во светот, секоја година ги организира наградите Conde Nast Traveller Readers’ Travel Awards за своите читатели, а овој пат, настанот се одржуваше во Лондон…

За време на церемонијата на доделување на наградите, читателите на познатото списание имаа можност да гласаат за своите омилени туристички компании, авиокомпании, дестинации, бањи и хотели.

Грчките острови оваа година ја зедоа титулата најубави во светот, затоа што повеќето читатели се воодушевени од нивната убавина.

Оваа фасцинација не се однесува само на познатите острови како Миконос или Санторини, туку и за малите, скоро скриени острови.

Покрај грчките острови, има уште деветнаесет дестинации на овој список, а секоја од нив можете да ја откриете во нашата галерија:

Грчки острови
Антигва
Балеарски острови
Бали
Барбадос
Големиот корален гребен
Јамајка
Капри
Кох Самуи
Куба
Ломбок
Малдиви
Малта
Маурициус
Сардинија
Св. Бартс
Св. Луција
Сејшели
Сицилија
Хавајски острови

Напиши коментар