Велат дека добрите луѓе се препознаваат во тешки ситуации.
Ситуацијата што го зафати скоро целиот свет со пандемијата на вирусот корона се чини дека разбуди чувства кај нас што можеби порано не сме ги признале.
Без разлика дали сакаме да признаеме или не, изолацијата особено влијае на менталната состојба на една личност, предизвикува вознемиреност и го зголемува стресот.
Сепак, додека некои ги обвинуваат туристите за ширењето на вирусот, некои познати личности покажаа хуманост на дело.
Познати ѕвезди и познати брендови, преку своите донации, ги истакнаа човековите вредности кои се неизмерно ценети, а со своите средства го обезбедија лекувањето што им е потребно на болните.
Џастин Бибер
Славниот пејач до средината на февруари донираше 29.000 американски долари од лични средства во фондацијата Пекинг, која им помага на децата заболени од вирусот.
Блејк Лајвли и Рајан Рејндолс
Еден од омилените парови на многумина што постојано се истакнуваа со својата хуманост. Тие поддржуваат неколку добротворни цели, а донирале и 1 милион долари за оваа борба!
Џорџо Армани
Познатиот моден дизајнер донираше 1,25 милиони евра за да се стави крај на пандемијата во земјата. Армани е еден од најбогатите луѓе во Италија.
Кристијан Роналдо
Познатиот фудбалер, кој неколку пати донираше пари за бројни хуманитарни акции и на луѓе на кои им е потребна помош, сега реши да ги даде своите хотели во Португалија на лекарите и да постави бесплатни клиники за пациентитесо вирусот.
Исто така, фудбалерот истакна дека ќе го плати медицинскиот персонал.
Доменикo Долче и Стефано Габана
Основачите на најпознатиот бренд D&G донираа пари во февруари на универзитетот Хуманитас, кој ги проучува реакциите на имунолошкиот систем на корона вирусот.