Со малку фантазија, можете да направите чуда, па и да изработите интересни играчки и игри од предмети што не ви се потребни или оние што буквално завршуваат во отпад.
Покрај тоа што ќе направите нешто интересно и забавно, ќе имате позитивно влијание врз зачувувањето на нашата планета, затоа што некои работи нема да завршат во ѓубре, туку ќе станат интересна и забавна играчка.
Постојат неколку предлози во видеото, како да рециклирате картонски цилиндри, откако ќе ја потрошите тоалетната хартија, за тоа како да претворите молив или остатоци од креда во забавни уметнички дела, како да им ги спасите фризурите на куклите, да создадете слики со обоени меури од сапун …
Погледнете го видеото, којзнае, можеби ќе добиете инспирација: