Sweet Home

ИКЕА ги рекреираше познатите дневни соби од сериите The Simpsons, Stranger Things и Friends

ИКЕА неодамна рекреираше некои од најпознатите дневни соби во историјата на телевизијата.

Имено, користејќи го мебелот што може да се најде во нивните продавници, тие се обидоа да ги оживеат дневните простории од овие, добро познати серии на најдобар можен начин.

Како и секогаш кога станува збор за мебелот ИКЕА, цените на овие парчиња се повеќе од прифатливи, така што тие можат да се вклопат во сечиј буџет.

За да рекреирате просторија Stranger Things, можете да купите слично осветлување. Или, ако претпочитате разнобоен простор што издигнува живот, ја предлагаме дневната соба на Симпсонови како инспирација. Секој кој не може да го прежали крајот на серијата Friends, сега може да купи слични парчиња инспирирани од ерата на 90-тите.

Ако сакате да го купите овој мебел или да ги дознаете цените, посетете ја веб-страницата на IKEA или преземете ја нивната апликација.

Напиши коментар