Sweet Home

ИКЕА има прекрасни предлози за декорирање на спалната соба

Како да го декорираме станот во топлата сезона?

Пролетта во нас буди желба за промена, а покрај тоа што же посакаме темелно да го исчистиме станот, веројатно ќе дојдеме и до идеја да го преуредиме просторот во кој живееме, или барем да го надополниме со некој нов мал предмет.

Се разбира, притоа нема да ни пречи и по некоја инспирација.

За да се инспирираме од најновите трендови во дизајнот на ентериер и да ја донесеме пролетта во вашиот дом, ѕирнавме на веб страната на шведскиот бренд ИКЕА и најдовме неколку идеи за реновирање на спалната соба, од кои две најмногу ни се допаднаа.

Поточно, ИКЕА ве советува да внесете топли, пудра и розови нијанси во вашиот простор за релаксирање и спиење.

Комбинацијата на жолта и розова боја изгледа одлично и веднаш го освежува секој простор, а тоа ќе го постигнете со додавање на неколку одбрани детали, постелнина или завеса.

Минималистичкиот бел мебел изгледа одлично со одбрани детали во нежни бои, а најубавиот ефект се постигнува со совршено усогласена боја која се протега од креветот, преку ѕидовите па се до бирото, завесите и декорацијата.

ИКЕА исто така советува да ја уредите вашата спална соба користејќи природни материјали и ткаенини што дишат, светли нијанси, грст цвеќиња кои ќе го издигнат секој ентериер и ќе донесат мир во секој дом, а целосниот впечаток ќе го комплетирате со меки и удобни перници и постелнина.

Моменталната состојба можеби не дозволува да набавиме нови работи и мебел, но можеби е доволно да ги реорганизираме постоечките.

Напиши коментар