Motherhood

Изберете го најдоброто за вашето бебе: Пелени за еднократна употреба или памучни пелени?

Еден од најчестите сомнежи кај младите родители е токму тој – дали за бебето се потребни пелени за еднократна употреба или памучните се подобри.

Штотуку почнавме да се навикнуваме на пелените за еднократна употреба, пријатни, лесни за употреба и секогаш достапни, и почнавме да истражуваме од кој производител се поквалитетни, подобри … експертите нè збунија. Велат дека станува збор за здравјето на детето, а поудобно е во памучните пелени. Што да препорачаме сега? Ви се чини дека ова е исклучително едноставно прашање, но …

Зошто памучни пелени?

Пелени од памук се сметаат за поздрави и поудобни за носење. Тие се изработени од 100% природен материјал – памук, кој добро ја апсорбира течноста, а исто така и овозможува на кожата на вашето бебе да дише слободно, што спречува кожата да се прегрее. Со употребата на платнените, памучни пелени, речиси целосно го избегнувате ризикот од осип од пелени. Тие се меки на контакт со чувствителната кожа, дишат и овозможуваат вентилација на кожата, што помага да испари урината. Пелените за еднократна употреба апсорбираат поголема количина на течност, па бебињата подолго остануваат во истата пелена, што е нездраво, поради бројните хемикалии што се наоѓаат во неа и урината, што со подолгото стоење ја иритира кожата .

Колку пелени ви се потребни?

Кога зборуваме за пелени од ткаенина, кои се направени по моделот на пелени за еднократна употреба со копчиња и леплива трака, потребни се околу 15 до 25 пелени. Тие се со универзални големини и можат да се користат практично од раѓање до крајот на носење на пелена. Прилагодливите копчиња и лепливата трака ви овозможуваат да ги скратите нивната длабочина и ширина. Со овие пелени се користат заштитни гаќи, а потребни ви се две до четири парчиња. Влошки не се потребни, но тие се добредојдени ноќе, или кај деца кои уринираат доста често и обилно.

За оваа намена може да се користат и обични тетра памучни пелени (преклопени неколку пати). Ако мислите дека на вашето бебе му требаат влошки, доволни се 10-15 парчиња. Ако за повивање се користат само тетра-пелени, потребни се од 50 парчиња на лето до 80 во зима, шведски околу 10 до 15 парчиња, а заштитни околу три парчиња. Ако сте подготвени да жртвувате скоро секој ден, во не многу пријатно перење на пелени, дефинитивно ќе заштедите многу пари, бидејќи памучните пелени се значително поевтини од оние за еднократна употреба.

Зошто пелени за еднократна употреба?

Суперапсорбирачките хемикалии, кои се наоѓаат во пелените за еднократна употреба, се претвораат во гел во контакт со вода, што често предизвикува алергиска реакција. Тие се направени да апсорбираат течност, така што бебето не чувствува кога е влажно. Бебето тоа ќе го почувствува во платнена пелена и на некој начин ќе се обиде да ви каже дека е време пелената да се промени. Така, детето станува свесно за неговите физиолошки функции и ги поврзува со последиците, па се ослободува од пелените уште порано.

Нема сомнение дека пелените за еднократна употреба задаваат помалку проблеми. Кога вашето бебе ќе се помочка или покака, само соблечете ја и фрлете ја пелена. Поради лепенките, кои се од страна, многу е полесно да ги облечете и соблечете од памучните пелени. Ќе мора сами да ги перете платнените пелени, а смрдеата, особено откако вашето бебе ќе започне да јаде цврста храна, може да биде неподнослива.

Исто така, пелените за еднократна употреба протекуваат помалку од пелените од ткаенини (се разбира, ако редовно ги менувате). Значи, ако вашето бебе носи пелени за еднократна употреба, поретко ќе мора да ја менувате неговата целосна гардероба, чаршавите во креветчето или на вашиот кревет.

Колку пелени ви се потребни?

Пелените за еднократна употреба се користат според тежината на бебето и се менуваат на секои два часа во текот на денот. Без оглед на тоа што секој родител има свои приоритети (практичност, удобност, цена…), здравјето на нивното бебе е најважно за нив. Пеленскиот регион кај новороденчињата и малите бебиња е особено чувствителен и нежен и затоа грижата и хигиената мора да бидат прилагодени на овие специфики и посебности. Во спротивно, може да се појави пеленски осип.

Напиши коментар