Bridal

Како да одберете веренички прстен? Нека биде безвременски!

При одбирање на вереничкиот прстен останете доследни на вашиот стил. Размислувајте за накитот кој го носите вообичаено: ако повеќе сакате сребро, тогаш веренички прстен од жолто злато веројатно нема да биде вашиот вистински избор. Одбегнувајте трендови кои траат кратко, за разлика од вашиот накит.

Трендовите во накитот се убави за гледање, но ова парче накит треба да биде над променливиот карактер на модата.

Постои причина зошто одреден дизајн, како што е еден камен во средина на прстенот се вика безвременски. Исто така треба да се внимава и на бојата на каменот, за да не помине трендот за неколку сезони. Затоа дијамантот е најдобар избор, а доколку сакате да додадете боја, тоа нека биде на суптилен начин. Размислувајте и на трајноста. Доколку сакате навистина безвременски прстен, тој мора да го издржи и физичкиот тест на времето.

Треба да ги одбегнувате тенките модели кои иако изгледаат супер на Инстаграм, не издржуваат многу години.

Инвестирајте во добар, постојан камен кој треба да биде поквалитетен, на тој начин подолго ќе трае.

Исто така, честа грешка која ја прават паровите е желбата вереничкиот прстен да биде претерано украсен или раскошен.

Напиши коментар