Art & Crafts

Како да смалите маица

Вклучува врела вода, затоа внимавајте!

Сите имаме една совршена маица во нашите плакари што апсолутно ја сакаме, но буквално никогаш не ја облекуваме затоа што е премногу голема. Еве како може да ја смалите:

Сварете вода во тенџере
Земете голем сад (доволно голем за да ја соберете маицата) и загревајте ја водата сè додека не се зоврие. Штом водата зоврие, исклучете ја. Можете да ја пренесете водата во посебен сад или да го користите истото тенџере.

Ставете ја маицата директно во вода што врие
Бидете внимателни да не се изгорите во текот на овој чекор! Вашата маица ставете ја директно во садот или тенџерето што содржи топла вода. Комплетно потопете ја маицата во водата со помош на прибор или дрвена лажица за да добиете максимална количина на смалување.

Оставете ја маицата во вода околу 5 минути, или додека водата не се излади
Количината на време кога ќе ја оставите маицата во врела вода ќе одреди колку ќе се намали. Кога водата ќе стана студена, извадете ја маицата од тенџерето или садот и нежно излијте ја целата вода.

Повторете ги овие чекори сè додека не ја достигнете преферираната големина
Ако сте ги завршиле првите четири чекори и маицата сè уште не е толку мала колку што сакате да биде, не се секирајте! Овие чекори можете да ги повторите онолку пати колку што сакате додека маицата не е близу до саканата големина. Запомнете, во зависност од ткаенината на маицата, само може да се намали мал процент од нејзината големина.

Напиши коментар