Cafe Del Mar

Како изгледаат „домашните“ тренинзи на познатите дами во самоизолација?

Иако светот денес е исполнет со страв и неизвесност, нешто што сигурно ни помага да ги надминеме негативните емоции е тренингот и навидум нормалната рутина.

Фактот што не сме во состојба да излеземе од нашите станови и куќи, не треба да не спречи да работиме на себе и да се „испотиме“ во нашиот дом.

Покрај тоа што ќе го зголемите срцевиот ритам, ќе ги истегнете и активирате мускулите, вежбањето ќе ви помогне да се фокусирате на нешто друго освен да ги читате вестите и ќе бидат од корист за вашето ментално здравје.

И не грижете се, не сте сами во сè.

Многу познати личности го користат методот на вежбање за да го олеснат престојот во домот и тоа го споделуваат со своите следбеници на социјалните мрежи за да ги мотивираат да започнат.

Инстаграм е преполн со бесплатни тренинзи од фитнес инструкторите, предизвици каде луѓето треба да направат што повеќе склекови или сквотови, а пак некои ги снимаат своите фитнес рутини.

Во изобилството на одлични видеа од славните, најдовме неколку омилени што се радуваме да ги споделиме со вас, со надеж дека ќе ве мотивираат.

Напиши коментар