Единствено нешто што може да ја направи домашната пилешка супа уште подобра се кнедлите!
Ви го претставуваме најдобриот рецепт за совршени домашни кнедли за супа, пробајте ги!
Состојки:
Едно јајце
Гриз
Подготовка:
Изматете го јајцето со вилушка. Многу е важно да го изматите што е можно подобро, за кнедлите да бидат „воздушни“.
Постепено додавајте малку гриз, мешајќи постојано со вилушка и внимавајте да не се направат грутки. Додавајте гриз додека не се добие густа смеса како за палачинки.
Потоа, оставете го гризот да отстои околу десетина минути, па проверете дали густината е добра, не треба да се лизга на чинијата, но и да биде многу густ.
Со лажица извадете ги кнедлите и спуштете ги во супата што врие. За да спречите лепење на смесата за кнедли на лажичката, прво натопете ја во супата.
Ако вашите први кнедли “се распаднат”, додадете малку гриз во смесата. Варете ја супата додека кнедлите не омекнат.
Пријатно.