Убавина

Како Ријана секогаш излегува WOW на фотографиите, а јас не? Славните ги користат овие 7 тајни трикови при фотографирање

Се чини дека славните изгледаат одлично на секоја фотографија што ја објавуваат, а вие претпочитате да ги криете вашите селфија од светот затоа што никако не се толку добро. Тајната е дека славните девојки знаат некои мали тајни трикови што сега ќе ги научите. Започнете да ги користите и вашето селфи ќе биде 10 пати подобро.

Не ви треба најнов мобилен телефон или комплицирана програма за уредување фотографии, само малку вежбање и наоѓање на она што ви одговара. Сето тоа е во начинот на кој позирате и како ќе го поставите мобилниот кога се фотографирате. Славните излегуваат одлично на фотографиите затоа што откриле рецепт за успех, поточно тајните на малите трикови кои прават голема разлика. Сега ќе ги научите овие трикови и нема повеќе причина за вашите селфија и фотографии да не излегуваат на најдобар можен начин.

1. Мижење

Кога сакате да изгледате позаводливо или мистериозно на фотографијата, во секој случај, подобро и кога сакате да натерате одредено момче да ви се јави еднаш, ова е трик за фотографирање. Не гледајте во фотоапаратот како и обично, туку подзамижете и лесно истегнете ги усните во мала срамежлива насмевка и фотографирајте се така. Ова ќе ги направи јаболчниците да изгледаат поизразени и ќе изгледате подобро на фотографијата.

View this post on Instagram

Back in my favorite green room 💚

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss) on

2. Поместете ја целата коса на едната страна

Кралицата на добрите фотографии, Кајли Џенер има кул трик кога не изгледа добро на фотографиите. Сите имаме такви денови, дури и Кајли. Во таква ситуација, нејзино решение е да ја премести целата коса на едната страна, во нејзиниот случај почесто надесно, бидејќи тоа прави да изгледа подобро. На овој начин ќе ја покажете убавата коса, ќе ја скриете едната страна од лицето ако не ви се допаѓа, лицето ќе биде врамено со коса, што секогаш изгледа добро на фотографиите.

View this post on Instagram

🏝

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

3. Притиснете го јазикот на непцето

Може да постигнете дефинирани јаготки и поизразени црти на лицето без многу шминка. Трикот е во тоа што кога се фотографирате, ќе го притиснете јазикот на непцето и ќе се насмевнете со затворена уста. Вашето лице ќе изгледа многу подефинирано, а тоа изгледа подобро на фотографиите.

4. Фотографирајте од птичја перспектива наместо да го држите телефонот право пред вас

Покрај изразите на лицето, важно е и во која позиција е вашиот мобилен телефон. На фотографиите на славните честопати можете да видите дека тие никогаш не се фотографираат на начин што го држат мобилниот право пред нив, туку повеќе го креваат и сликаат одозгора. Ова е супер корисен совет за секој што мисли дека има поголема брада што го уништува секое селфи или воопшто не може да го погоди вистинското осветлување.

View this post on Instagram

💜

A post shared by Hailey Baldwin Bieber (@haileybieber) on

5. Левата страна е секогаш вашата подобра страна

Ако не можете да ја пронајдете вашата страна на лицето, држете се до фактот дека левата страна е секогаш подобра. Еден куп славни лица го користат овој трик, па дури и науката го потврди ова. Едно истражување од Универзитетот Вејк Форест открива дека левата страна на лицето е секогаш попривлечна бидејќи десната хемисфера на мозокот е одговорна за разбирање и изразување на емоциите. Левата страна е поизразена, поизбалансирана и посуптилна од десната страна.

6. Спуштете ја брадата

Секогаш спуштајте ја главата малку надолу, не премногу, само суптилно или кон рамото, ако правите фотографија каде сте малку свртени на едната страна. Гледањето нагоре е лошо за повеќето затоа што нема да излезе толку добро. Освен што на овој начин ќе ја скриете брадата што мислите дека повторно ја имате (иако сигурно не, но знаеме дека никој нема да ве убеди во тоа), и ќе изгледате позаводливо. Покрај тоа, вилицата ќе изгледа подефинирано, друга карактеристика на лицето што секој ја посакува, а очите ќе изгледаат поголеми.

7. Не гледајте директно во вашиот мобилен телефон / камера

Гледањето лево, десно, горе или долу е секогаш подобро отколку да гледате директно на уредот со кој фотографирате. Секој ќе излезе подобро ако позира вака. Затоа, фотографијата изгледа како да е направена спонтано, што ја прави да изгледа поприродно и подобро, како да раскажува приказна.

Напиши коментар